Пресвето Срце Исусово · Скопје

Молитвеник за Екуменската прослава на Божјото Слово

MK-Red-ecumenska-sredba-23.01.22.pdfОригинален оглас (PDF)Преземи

Алилуја - Песна (мет. црква)

  • Читање на светото Евангелие (Матеј 2, 1-12) Песна (кат. црква) – На витлеемските полиња К: Кратки обраќања (сите концелебранти) Песна (мет. црква) Христијаните се повикани да бидат ѕвезди што светат со Христовиот сјај К: Ѕвездата ги довела мудреците кај Христос. Тој ни се откри и Неговата светлина осветлува сè. Како што мудреците ја следеле ѕвездата до Витлеем, така и ние денес се собираме под таа ѕвезда и сакаме да го најдеме Христос. Заедно ги носиме своите дарови и молиме за видливо единство на Црквата.

На патот до таа цел, прифаќаме да живееме онака за нашето заедништво да биде сведоштво во чија светлина нашите ближни можат да го видат Христос. Затоа на сјајот на Витлеемската ѕвезда ги придружуваме и ѕвездите што ги симболизираат нашите Цркви и сите нивни верници, за да нашите Цркви и верници сведочат со истиот сјај и да бидат патоказ до Христа.

Поставување свеќи на платно (со музичка придружба – инструментал, оргули Кристијан) Повик на молитвата Оче наш К: Сè што нè придвижува и што ни значи го донесуваме и го ставаме пред нашиот Небесен Отец и му се обраќаме со зборовите на кои нè научи Христос:

С: Оче наш,....

Песна (мет. црква) К: Благослов и отпуст

ЕКУМЕНСКА ПРОСЛАВА НА БОЖЈОТО СЛОВО

23.01.2022 година Дојди Духу Свети, Запали го пламенот со твојата љубов. Дојди Духу Свети, Дојди Духу Свети. Ч: Читачи K: Концелебранти/ сослужители (од различни вероисповеди) С: Сите присутни Процесија на претставниците – музика инструментал (оргули – Кристијан) К: Воведен поздрав Песна (кат. црква) - Tui amoris ignem Veni Sancte Spiritus, Tui amoris ignem accende. Veni Sancte Spiritus, Veni Sancte Spiritus. Благодарствена молитва Ч: Ти благодариме, Господи, Створителу на небото и земјата, зашто си ги поставил светилата на небесниот свод. Си ја одвоил светлината од темнината и си создал знакови за одредување на празниците, деновите и годините. Ти со ѕвездите си го украсил небесниот свод. Колку се прекрасни твоите дела, небесата ја слават твојата слава, а сводот го навестува делото на твоите раце! С: Ти благодариме, Господи. Ч: Ти благодариме, зашто иако се побунивме против тебе, не нè остави, туку ни го испрати својот син. Тој ја претвора нашата темнина во светлина и е наша светлина и наше спасение. Во него беше животот и животот беше светлината на луѓето. И светлината свети во темнината. С: Ти благодариме, Господи. Ч: Ти благодариме, Господи, зашто со силата на твојот Свет Дух нè следиш во хаосот на нашите животи. Ти ни ги осветлуваш нашите патишта и ни даваш мудрост и вера во свет полн со лаги и сомнежи. С: Ти благодариме, Господи. Ч: Ти благодариме, Господи, што нè праќаш во светот да светиме со твојата светлина во нашите различни Цркви и култури. Ти нè праќаш да сведочиме за Исус Христос, единиот вистински Цар и нему да му се предадеме. С: Ти благодариме, Господи. Музичко интермецо (Кристијан) Покајничка молитва К: Сите народи нека ти се поклонуваат и нека те слават. Често сме во темнина, но ти ни даде светлина. Затоа доаѓаме кај Тебе и ги признаваме нашите гревови. Ти се исповедуваме дека сме ги напуштиле твоите патишта и сме ја занемариле Твојата волја. Кратка тишина Рефрен (кат. црква) - Misericordias Domini /За милосрдието на Господа/ Misericordias Domini За милосрдието на Господа in æternum cantabo ќе пеам со векови К: Семожен Боже, Отец на нашиот Господ Исус Христос, кого си го испратил кога се исполни времето да ги откупи сите луѓе, те молиме: смилуј ни се, прости ни ги нашите гревови и преобрази нè во своја прекрасна слика, за како светилници на надежта да светиме во нашиот немирен свет. Семожен Боже услиши ја нашата молитва, смилуј ни се и прости ни ги нашите престапи. С: Амин Рефрен (кат. црква) - Misericordias Domini /За милосрдието на Господа/ Навестување на Божјото Слово

  • Прво читање (Исаија 9, 1-6)

  • Од химната на светлината на свети Ефрем

  • Псалм 8

  • Второ читање (Ефесјаните 5, 8-14)